civica logo

 

 

tacso logo

Публикации на ЦГИ

  • Berghoff.jpg
  • britanska-2016.jpg
  • CBCAlbanija2012.jpg
  • Izvestaj-od-konferencija-crivi.jpg
  • kanadska2017.jpg
  • komparativna-analiza-predna.jpg
  • ZIVIK-2012.jpg

Средба со претставници на јавната администрација

Учесниците на оваа средба беа претставници од јавната администарција во Прилеп, која е надлежна покрај за Прилеп и за општините Кривогаштани и Долнени. Имено имавме претставници од средни и основни училишта, Дом за стари лица, Здравствен дом, Центар за култура, Градска библиотека, детски градинки, Агенција за вработување, Меѓуопштински центар за социјална работа, здруженија на граѓани и др. 

На средбата беше презентирана Програмата за јавна администрација и локална самоуправа, од сектор по кој работи ЦГИ, а потоа беше направена анализа на јавниот сектор во регионот. На средбата беа презентирани потребите на јавните институции за истите да бидат разгледани и ЦГИ да може дел од нив да ги вгради во сопствените програми и проекти. Некои од презентираните потреби се: обука за персонал, меѓународна размена на искуства, инфратсруктурни проблеми, партнерства при подготовка и реализација на проекти. 

Оваа средба беше дел од проектот за институционална поддршка на Центар за граѓанска иницијатива, финансиран од програмата CIVICA Mobilitas кој придонесува за јакнење на организацијата, а исто така и за зголемување на влијанието во локалната средина.

 

sredba so JA 2

 

sredba so JA 3

Last month September 2017 Next month
S M T W T F S
week 35 1 2
week 36 3 4 5 6 7 8 9
week 37 10 11 12 13 14 15 16
week 38 17 18 19 20 21 22 23
week 39 24 25 26 27 28 29 30