Search
Close this search box.

       Во програмата: Развој на Јавна администрација и Локална самоуправа ЦГИ има добиено 27 проекти реализирани на територијата на Република Северна Македонија и во Балканските земји. За реализација на проектите во оваа програма има повеќе од 20 донатори.

Почетоците (1998 – 2001) 

Обуки и размена на искустваЖивеејќи во општество кое развива нов ред насочен кон демократијата, во своите почетоци граѓаните, јавната администрација и локалната власт  се соочија со предизвиците за ефикасност, учење на нови методи на работа и покажување на почит кон граѓаните. Во текот на тие времиња нашата работа беше посветена кон обезбедување специјално направени обуки за членовите на администрацијата, овозможувајќи им да учат од искуствата на лица од странство.

Поврзување на граѓаните со локалната власт Со цел граѓаните да имаат постојана комуникација со локалната влада, ЦГИ го предложи и го реализираше отворањето на првата Отворена канцеларија на граѓаните во Република Северна МакедонијаОва беше еден од позитивните примери на промени кои што потоа беа применети и од другите локални власти на територијата на Република Северна Македонија.

2002-2005 

Ефикасна јавна администрација Поефективна јавна администрација е желба на секое општество, и тоа е причината што ние реализиравме многу активности во Прилеп и Битола, притоа работејќи со локалните власти, управата за јавни приходи  и меѓуопштинските центри за социјална работа. Едукацијата на вработените од овие институции и надгледување на нивната работа доведе до конкретни промени. Беа отворени Центри за информации на граѓаните, работевме на обележување на работните површини со што граѓаните добиваа приватност. За да се овозможи сето ова беше потребно да се потпишат договори што придонесоа за заштедување на пари и време во текот на процедурите. 

Активни граѓаниповеќе од очигледно во нашиот развоен центар беше потребата за активирање на граѓаните и нивна мотивација да се вклучат во животот на заедницата. Имплементирани беа различни видови на активности, во кои и развој на плановите за активирање на заедницата за нивните права и обврски за придонес кон подобрување на животот во заедницата.

2006-2010

Децентрализација – со процесот на трансфер на власта од централна во локална, претставниците на јавниот сектор и локалната самоуправа имаа недостаток на знаење за имплементација на новите закони. За да биде овој процес поразбирлив, ние реализиравме серија од обуки за вработените во јавната администрација, овозможивме повеќе јавни обраќања, радио, ТВ емисиии и информативни кампањи. Бидејќи ова е нов и важен процес, организиравме надгледување на нивната имплементација и резултатите беа презентирани пред јавноста.

Учество во правењето на локалните политики ова ново децентрализирано општество ја донесе потребата од градење и активирање на најситните делови на општеството- месните заедници. Својата работа ја посветивме на нивно активирање и градење на капацитет со цел тие да станат еднакви партнери во процесот на донесување на одлуки.

Сегашни и идни гледишта

Општеството се движи кон правиот пат односно се движи кон процес за формирање ефикасна јавна администрација и локална влада. Нашите приоритети се во иднина да го поттикнеме учеството на најразлични групи во донесувањето на локалните политики, имајќи ги човековите права секогаш во нивна позадина.

Поддршка на стратегиското планирање и менаџирање на локалните самоуправи Со нашите капацитети во организацискиот развој и стратегиското планирање, ние исто така обезбедуваме услуги за секторите на локалните самоуправи во секторот на стратешко планирање (акциони планови за деца, за климатски промени), развој на проекти и нивна имплементација и собирање на средства.