civica logo

 

 

tacso logo

Публикации на ЦГИ

  • Berghoff.jpg
  • britanska-2016.jpg
  • CBCAlbanija2012.jpg
  • Izvestaj-od-konferencija-crivi.jpg
  • kanadska2017.jpg
  • komparativna-analiza-predna.jpg
  • ZIVIK-2012.jpg

Нашата улога

4Пред повеќе години мислев дека градењето на граѓанско општество е бескраен предизвик кој на секој му дозволува интелектуален развој. Пред повеќе години започнав со силна верба дека подобрувањето и правењето на промената ќе бидат доволни. Но како што Индира Ганди рекла "Моќта на прашањето е основата на целокупниот човечки напредок".

      Прашувајќи и истражувајќи се роди Центарот за граѓанска иницијатива. Како сите мали деца темпераментни во однесувањето и пофалени за амбициите мислевме дека       промената ќе се случи многу брзо, многу лесно. Набргу свативме дека општеството е жива клетка многу постара од нашите амбиции и предизвици кои мислевме дека лесно ќе ги постигнеме. Наскоро малото темпераментно дете започна да созрева. Во една декада на работа, Центарот за граѓанска иницијатива ги реализира таквите вредности како што се еднаквост за сите мажи и жени, почитување и правда кои не се најлесни правци кои треба да се следат.

          Никогаш не била во прашање тешката работа, никогаш не биле во прашање бескрајните ноќи и вложувањето на енергија во грижливо избрани предизвици туку секогаш во прашање е посветеноста и прашувањето. Образованието на околината за важноста на демократијата и доброто воспитување, за човековите права, и важноста на создавањето на силен граѓански сектор е се уште водечката сила која го движи ЦГИ во своето постоење и влијанијата кои ги има во околината каде што делува.

            Промената која ја остваривме во нашата 20 годишна работа е поставена во столбовите на раководењето и силната верба во предизвиците за да се доведат до остварување.

         Транзициониот период во Република Македонија и политичките услови во Западен Балкан доведоа странска помош од земјите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Важноста на создавањето цврсто и здраво граѓанско општество беше унапредена преку поддршката на граѓанските организации. Како што се разиваше, ЦГИ започна да ги адресира проблемите за човековите права преку вклучување во зацврстено, посигурно образование на граѓаните, започна со креирање капацитети за својот персонал а денес и за други невладини организации започна и да комуницира со државните институции на професионално и сериозно ниво.

        Заради својата целокупна работа, ЦГИ се здоби со доверба од донаторите кои постанаа сериозни партнери на ЦГИ во борбата за подобро општество и посреќни граѓани.  Во оваа насока сакам да и ветам на заедницата дека нова декада на промени само што започна.

 

Гоце Тодороски
Извршен директор

 

 

Last month November 2017 Next month
S M T W T F S
week 44 1 2 3 4
week 45 5 6 7 8 9 10 11
week 46 12 13 14 15 16 17 18
week 47 19 20 21 22 23 24 25
week 48 26 27 28 29 30