Јакнење на регионалната соработка и развој

 
 

       

Генералната цел на овој проект беше помагање на процесот на создавање на стабилен регион во Западен Балкан каде ќе се почитуваат разликите и ќе се придонесе кон развојот на демократските процеси. Исто така овој проект имаше за своја цел да создаде услови за одржливо функционирање на нашата организација и охрабрување на регионалното партнерство со граѓанската организација Талди - Тузла, како би се промовирале вредностите на граѓанскиот сектор и би се придонесло кон ефективен дијалог и размена на добри практики во регионот на Западен Балкан.

              Зајакнатото партнерство помеѓу ЦГИ и Талди придонесе за позиционирање на двете граѓански организации во своите земји преку:

  • промоција на регионален пристап на проектот преку обезбедување на тренинзи за граѓанско учество за претставниците од ЕЛС и граѓанските организации; 20 локални самоуправи и нивните оддели за економски развој добија тренинзи за аплицирање на повиците од европските фондови ИПА, а дел од нив веќе го започнаа процесот за аплицирање;
  • јакнење на граѓанскиот сектор во Р.Македонија преку менторинг поддршка од страна на ЦГИ и Талди за 3 граѓански организации од Р.Македонија кои работат во сферата на трансформација на конфликти;
  • размена на искуства за локален економски развој и децентрализација со цел позиционирање на ЦГИ и Талди во регионот како би биле препознатливи за единиците на локалните самоуправи.

        Ваквата размена на искуства имаше за цел да придонесе кон охрабрување на регионалната соработка и развој и креирање на заеднички проекти помеѓу институциите како би се придонело за регионалната стабилност во Западен Балкан.

             Проектот се реализираше во периодот од 01.07.2006 – 01.07.2009 година а беше финансиран од CORDAID, МЦМС и Програмата Исток Исток на Фондацијата институт отворено општество.

 

.