ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ

за доделување на грантови за мир и конфликт

 

 

             Центар за граѓанска иницијатива, Прилеп во рамките на проектот Јакнење на мрежите во Македонија поддржан од стрна на Balkan Trust for Democracy испраќа повик за проекти.

              Оваа програма е фокусирана на директна поддршка на максимум три (3) постоечки мрежи/алијанси и ќе придонесе за нивниот организациски развој, видливост, промовирање во општеството и поврзување со релевантните заинтересирани страни во зависност од фокусот на работа.

              Целите на овој повик се:

  1. Да се зајакнат капацитетите на мрежите/алијансите за да функционираат на организиран и ефективен начин
  2. Да се зголеми видливоста и промоцијата на работата на мрежите/алијансите во заедницата/општеството
  3. Да се зајакне соработката и вмрежувањето помеѓу граѓанскиот сектор и релевантните заинтересирани страни во општеството, (владини институции, бизнис сектор, граѓани и други) со цел заеднички придонес и пристап кон процесот на адресирање на предизвиците на заедницата

              Вкупниот фонд за поддршка на мрежите/алијансите во овој Повик за проекти е 7 350 USD. Апликантот може да аплицира со следните минимум и максимум суми: од 500 USD до 2 450 USD

              Легитимни организации за овој Повик за проекти се:

  • Формални мрежи регистрирани во Република Македонија
  • Не формални мрежи во Република Македонија
  • Коалиции во Република Македонија
  • Алијанси во Република Македонија

              Временска рамка за реализација на проектите е: од 1 до 4 месеци

             

              Како и каде да се аплицира:

     Апликантот треба да ги пополни следниве документи:

  • Апликациона форма;
  • Логичка рамка;
  • Буџет во Excel;

        Сите форми се достапни на www.cgimk.org.mk или можат да се добијаат во Центар за граѓанска иницијатива. Лице за контакт Кристина Павлоски секој ден од 8:30 до 17:00 часот.

        Апликациите треба да бидат испратени во печатена форма и електронски на следнава адреса:

         Центар за граѓанска иницијатива Ул. „Димо Наредникот“ бб. (Зграда Ерик) 7500 – Прилеп и на следнава е-маил адреса: ccimk@t-home.mk

 

              Краен рок за аплицирање 26.02.2009 година 16:00 часот.

   АПЛИКАЦИЈА