Во програмата Човекови права и демократија ЦГИ има одобрени 81 проекти реализирани на територијата на  Република Северна Македонија и во Балканските земји. За реализација на проектите во оваа програма има повеќе од 40 донатори.

 The beginnings (1997 – 2002)

             Во 90те години од XX век, и почетокот на новиот век, заедниците во нашата земја се соочија со период на транзиција и вовед на нов ред и вредности на демократијата и човековите права. Кога се случуваат промени, на заедницата особено на младите им е потребно ново знаење и вештини кои ќе ги применуваат за подобрување на нивниот живот. Поради тоа нашите активности се насочени кон:

Едукација за човекови права – вовед во основните човекови права со Babylon центрите во просториите на училиштата и училишните активности коишто служеа како фокусни центри за учење и применување на човековите права , промена која што ќе води кон инклузија на човековите права и едукација на граѓаните во регуларните програми во склоп на основните училишта.   

Национални избори бидеќи правото на глас е едно од основните човекови права и поради фактот дека нашата земја градеше нова демократија каде што луѓето имаат право да го изразуваат своето мислење, работевме на подигнување на свеста на популацијата и надгледување на целиот изборен процес.  

2003 – 2006

Периодот по воениот конфликт во нашата држава и кризата во Косово, ги искористивме како почетни точки за нашиот пристап кон едукација за човекови права. Почнавме со активности за градење на мир  како во нашата држава така и во регионот. Заедницата имаше потреба од предводена акција за пребродување на траумата и наоѓање на внатрешен мир.

Социјална инклузија на ранливите категории – имплементација на активности за рехабилитација и реинтеграција на мигрантите. Хуманитарни и здравствени програми, обезбедување на едукација преку специјално направени прирачници и работни книги.

Трансформација на конфликти – поради фактот дека конфликтите со насилство оставаат зад себе вознемирени заедници, нашата работа во регионот ја посветивме на тоа како да се справуваме со духовите од нашето минато и чувството на вина преку вежбање на модулите на културните аспекти на траумата  преку едукација на децата и професорите во рамките на нивните училишта со методот за контролирање на конфликти и културна соработка.Тие беа нашите почетоци во сферата на решавање на конфликти.

 

2007 – 2010

 

     Следејќи го развојот на земјата и регионот, кревките меѓуетнички односи и долгиот процес на помирување и процесот на интеграција во Европската Унија, ја надградивме нашата програма за човекови права со адресирање на повеќе конкретни прашања and специфичните потреби на Балканскиот регион.

Трговија со луѓе и нелегална миграција како една од спецификациите на воениот конфликт е недостатокот на правила на закони и имплементација на законодавството. Како и другите региони, исто така и Балканскиот регион страдаат од зголемен број на трговија со луѓе и жртви на нелегална миграција. Својата работа ја посветивме во два правци: мерки за спречување кај најранливите групи: деца и младина и поддршка на институциите преку надгледување и предложување на препораки за едукација на жртвите за човековите права. Развивме специфични модели за превенција во училиштата кои се наоѓаат во процес на инклузија на редовниот курикулум.

Смирување и решавање на конфликти – вознемирувачкото минато, траумата, омразата, страдањето се дел од процесот на помирување кој што трае долги години. Овој процес на помирување го опфативме преку развивање на механизам којшто ги мери и ги идентификува критичните точки кои што предизвикуваат конфликти во заедниците, со цел да се обезбедат повеќе структурирани пристапи и да се дефинираат специфични методи за да се совладаат тие конфликти.

Човекови права, еднакви можности, борба против дискриминација – на  патот кон Европската Унија, нашата држава треба да ги почитува човековите права особено еднаквите можности и да се бори  против  дискриминацијата. Исто така развивме специфичен механизам за пронаоѓање на сите форми на дискриминација на локално ниво посветувајќи внимание на различни целни групи и давање на поддршка на институциите кои ја применуваат истата пракса против дискриминацијата.

Корупција – висок степен на корупција во нашите ранливи општества е недостатокот на закон и континуираниот процес на развој. Применивме серија од активности кои придонесоа за практикување на антикорупциските стратегии и зголемување на нивото на транспарентност и достапност на локалната самоуправа.

Current and future perspectives

Решавање на конфликти – моментално сме ориентирани кон обезбедувањето на вештини, знаења, правење на политики и ориентирани кон практичари и граѓани, преку развој на програми за обуки специјално направени спрема нивните потреби. Со тоа ги намаливме недостатоците и предизвиците за решавање на конфликти, родово базирано насилство, справување и решенија за проблемите кои се појавуваат поради културна разновидност. Исто така и развивање на мултикултурен начин на мислење во поделените региони на Балканот. Во тоа спаѓа: превенција, наоѓање мир, идентификување на најдобрите практики  и пренесување на нови методи и вештини за решавање на конфликти.

Социјална инклузија – ние сме ориентирани кон поддршка на малолетниците во поправните домови со применување на методот за човекови права преку обезбедување материјали за обука за нивна поддршка во нивната реинтеграција. Во иднина ќе продолжиме со сите наши сили во овој правец бидејќи децата се највредното нешто во нашето општество. Исто така ќе продолжиме со нашиот труд за социјална инклузија на другите ранливи групи со акцент на принципите против дискриминација и еднакви можности за сите.

Правна помош – во текот на процесот за поддршка на човековите права ние овозможуваме да се обезбеди правна помош за жртвите кои биле неправедно третирани од полицијата и во иднина ќе го продолжиме тоа во групите за борба против дискриминација и еднакви можности.