Наслов на проектот: Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II ИПА Компонента: ИПА 2, Прекугранична соработка:

Project duration: 24 месеци, 15.11.2017 – 14.11.2019

Вкупен буџет: 439,929.60 €

Lead applicant and co-applicant: Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ) како водечки апликант и Организација за управување со дестинации (ДМО), Здружението на овошни производители Благој А. Котларовски и Агринас-ЕР како ко-апликанти.

Краен корисник: 30 000 луѓе кои живеат на терироријата на Преспа и регионот на Корче.

Локација на активностите: Ресен, Преспа и Корча.

Контекст: Областа на интервенцијата го опфаќа преку граничниот регион помеѓу Македонија и Албанија со Преспанското езеро од страната на Македонија и Корче регионот на страната на Албанија. Не само поради природата на повикот (прекуграничен) туку поради активностите во рамките на проектот, сите партнери имаат намера да применуваат холистичен пристаппри планирање, имплементација и целокупното управување со целата акција во интервенционата област. Предлогот за овој тип на проект беше заедно дискутиран, дизајниран меѓу релевантите актери со целосна соработка и активно учество.  Овој метод на имплементација на проектните активности ќе се постигне со обезбедување на заеднички екипи.

За да се постигнат целите, проектот ќе се фокусирана на создавање на прекугранични партнерства за заштита на животната средина преку воспоставување на одржлив природен систем на отпадни води, раст на одржливи еколошки и економски активности преку пилот програма за воведување на нови практики на органско земјоделство на прекугранично ниво како и зголемување на свеста за можностите за искористување на земјоделските и еколошките средства се со цел одржлив економски раст.

Апстракт (кратко резиме на проектот): Населението вооваа областа со бројка од 30.000 ќе има корист од проектните активности за подобрување на животната средина.Покрај учесниците во проектот најмалку 200 земјоделци кои работат околу сливот на Преспанското езеро и регионот на Корче, ќе бидат директно опфатени од проектните активности во секторот на одржливо земјоделство. Земјоделците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе бидат избрани според нивото на интерес, учество во локални здруженија. Исто така земјоделците кои ќе бидат вклучени во компонентата на субгрантирање ќе бидат избрани преку отворен повик за аплицирање   и кои ќе бидат избрани според критериумите на големината на овоштарникот, близина до езера или реки, фарма од млади лица или жени. Две агро- хемиски лаборатории ќе бидат поддржани и нивниот технички персонал ќе биде обучен. Исто така 15 училиште од двете земји ќе бидат вклучени во акција преку поставување на еко градини и еко патроли каде што најмалку 2.000 деца ќе бидат вклучени во едукативни активности и кампањи за подигнување на свеста.

200-те производители во прекуграничниот регион ја идентификуваа потребата од зголемување на нивното знаење за ефективна употреба на фертилизатори и пестициди. Тие веруваат дека со намалувањето на употребата на ѓубриво и пестициди ќе им се намали нивниот приход. На двете агро- хемиски лаборатории кои се вклучени во проектот им се потребни дополнителни оперативни материјали со цел да се обезбедат соодветни услуги за земјоделците.  Децата во училиштата имаат потреба од зголемено знаење за одржливо управување со природните ресурси, бидејќи живеат во тој регион и некои од нив ќе станат земјоделци во иднина па ќе го практикуваат наученото знаење. 

Objectives: strengthen resilience and disaster risk preparedness and prevention of floods for protection of the environment Главната цел на оваа акција е да се стимулура одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина.

Специфични цела:

A. Зголемување на свеста за одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина.

Б. Намалување на негативните ефекти од употребата на пестицити и ѓубрива врз животната средина.

Activities:

Компонента 1: Координација, менаџирање и видливост вклучувајќи координативни состаноци, веб страна и активности за видливост како конференција за започнување на проектот и завршна конференција.

Компонента 2: Акции на агро- производители: Инсталација на дополнителни автоматски агро- метеоролошки станици и годишно одржување на веќе постоечки софтвер за обработка на собраните податоци од агро- метеоролошките станици. Поддршка на агро- хемиските лаборатории на прекугранично ниво и дизајнирање на информативна веб страница за дисеминација на податоци за промовирање на одржливо земјоделство. Исто така се предвидени обуки за земјоделци за практична употреба на методот фертиигација, отворање на Здружение на овоштари во Корча и пренесување на искуства од Здружението на овоштари Благој А. Котларовски од Ресен, пилотирање на користење на методот фертигација во две специфични области во прекуграничниот регион со обезбедување на суб- грантови за заинтересираните агро- производители. Исто така е предвидена студиска анализа за ефективноста на употребата на фертиригација на намалување на ѓубрива и, следствено, намалување на хранливите материи, како што се фосфор и азот, во животната средина.

Компонента 3: Подигнување на свеста, вклучувајќи: Подигање на свеста за младите во одржливо користење на националните ресурси; Воведување на систем за компостирање како техника за намалување на ѓубривата и прекугранична размена на практики; Студиска посета во земјата на ЕУ за разбирање на техниките за компостирање и оплодување.

Results:

i. Поддржани активности на агро- производителите за рационално користење на пестициди и ѓубрива за намалување на негативниот ефект врз животната средина.

ii. Зголемена свест за одржливо користење на националните ресурси преку практики “без отпад”.