Во месец декември 2024 година, успешно се одржаа три тематски предавања на тема „Превенција за подобро здравје“, како дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ , со цел да се подигне свесноста на локалното население за важноста на здравствената превенција и промоција на здрави животни навики.
Предавањата беа насочени кон различни аспекти на здравјето, вклучувајќи превенција на хронични болести, значењето на здравата исхрана и физичката активност, како и важноста на менталното здравје. Предавањата беа одржани дирекно во заедниците во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Најмалку 90 лица граѓани од различни возрасти и социјални групи беа опфатени со активностите кои имаа за цел да го едуцираат локалното население за превентивните мерки кои можат да придонесат за подобрување на здравјето, промоција на здрави животни навики кои вклучуваат правилна исхрана, редовна физичка активност и управување со стрес.
На предавањето беше ставен фокус на превенцијата на најчестите хронични болести. Присутните беа информирани за знaчењето на редовни здравствени прегледи (скрининг), како и на правилно управување со ризичните фактори како што се пушење и нездрава исхрана. Беше истакнато значењето на правилната исхрана и редовната физичка активност за превенција на болести. Објаснети беа основите на здрава исхрана, како и важноста на физичката активност за одржување на здравјето. Особено внимание беше посветено на менталното здравје и техниките за справување со стрес.
Поради сѐ поголемото внимание на здравствени теми, предавањето беше изразито добро прифатено од учесниците. Учесниците покажаа активно интересирање за превентивни мерки и побараа дополнителни информации за здрави навики.
Спроведените предавања за превенција на здравјето во месец декември беа успешно реализирани и покажаа висок степен на ангажман од страна на локалното население. Овие активности не само што ја зголемија свесноста за важноста на здравствената превенција, туку и ги мотивираа учесниците да преземат конкретни чекори за подобрување на своето здравје.
„Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.