КАРАВАН ЗА ЕДНАКАВОСТ

Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месеците април и мај успешно беше реализиран дел од караванот за еднаквост.

Со караванот проектот ефективно ги ангажира членовите на заедницата за подигнување на свеста за клучните прашања за родова еднаквост и промовира значаен дијалог и акција за родова еднаквост и благосостојба на заедницата. Караванот беше поставуван во центарот на 5 општини (Прилеп, Долнени, Могила, Новаци и Кривогаштани) во овој период.

Во центрите на општините беа поставувани штандови за промоција на проектот, со банери и промотивни материјали. Истовремено, се емитуваа аудио текстови за проектот и активностите поврзани со него. Со локалното население се среќаваа претставници на проектот, како проектни координатори, волонтери, правник и психолог, кои им даваа бесплатни услуги на граѓаните. На овие настани се договараа и понатамошни средби и обезбедување помош во иднина.

На настаните беа поделени промотивни флаери на македонски, ромски, албански и турски јазик. Поставени беа пораки за родова еднаквост, а беа споделени и приказни од учесниците.

За време на караванот, покрај средбите во центарот и пренесувањето на искуствата, тимот на проектот реализираше прошетки низ населените места, делејќи промотивни материјали во институции како општини, училишта, продавници, амбуланти и аптеки — места каде што локалното население има поголема фреквенција.

„Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp