Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за избор на два експерти за дизајнирање и водење на „Школата за родова еднаквост“
ВОВЕД
Овој документ содржи упатства за заинтересираните апликанти да одговорат на отворениот повик за избор на два експерти за дизајнирање и водење на „Школата за родова еднаквост“ каако дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“.
Целта на „Школата за родова еднаквост“ е да зајакне група граѓани од Пелагонискиот регион со сеопфатно познавање на принципите и практиките за родова еднаквост. По завршувањето на школата, учесниците ќе имаат можност да се вклучат како родови промотори и активно ќе бидат вклучени во другите проектни активности.
- Краток опис на проектот
Overall Objective:
General purpose
Зајакнат граѓански ангажман за поголема родова еднаквост кај маргинализираните заедници од Пелагонискиот регион.
Overall Objective:
С.Ц.1: Подобрување на координацијата и поддршка за иницијативите за родова еднаквост помеѓу клучните институции во Пелагонискиот регион.
С.Ц.2: Поттикнување на жените/девојките и мажите/момчињата да се ангажираат како промотори за родова еднаквост.
С.Ц.3: Зголемување на знаењето и пристапот до услуги за остварување на права.
Results:
Р.1: Засилена соработка и ангажман со клучните институции во Пелагонискиот регион.
Р.2: Зајакнати капацитети на руралните и мултиетничките заедници и инклузивна застапеност.
Р.3: Зголемена свест и поддршка на заедницата за иницијативи за родова еднаквост и права за репродуктивно здравје.
II Опис на работните задачи
Понудувачите на обуката треба да обезбедат обука за 20 лица од Пелагонискиот регион, со цел да се стекнат со вештини и знаења за родова еднаквост, со сеопфатно познавање на принципите и практиките за родова еднаквост.
Обуката треба да опфати три дена едукација и еден ден сублимирање и евалуација. Обуката да биде поделена на четири посебни периоди, при што секој период ќе се состои од ден за обука проследен со една недела за учесниците да ги завршат домашните задачи. Во текот на следните сесии, учесниците да ги презентираат резултатите од своите домашни задачи и да се вклучат во дискусии за нова содржина. Завршната сесија да се фокусира на синтетизирање на учењата од претходните сесии, нивно споредување со моменталната состојба во општините и евалуација на ефективноста на обуката и обучувачите.
Програмата за школата треба да донесе зајакнати капацитети во разбирањето и застапувањето на принципите и практиките за родова еднаквост на 20 учесници, развиена сеопфатна наставна програма прилагодена на уникатните потреби и потекло на учесниците, разновиден опсег на едукативни материјали за читање и интерактивни вежби, евалуации, спроведени преку анкети, дискусии и поединечни сесии за повратни информации, сеопфатни извештаи за проценка кои ги детализираат резултатите и достигнувањата на програмата за обука, соопштенија за јавноста и интервјуа.
Експертите ќе имаат обврска да ја дизајнираат и развијаат наставната програма за школата, да поттикнуваат дискусии, активности и интерактивни сесии за да го подобрат учењето и ангажираноста на учесниците, да ги приспособат содржината и методологиите за да ги задоволат специфичните потреби на учесниците, да ги проценат резултатите и да ги приспособат наставните стратегии по потреба.
Секој од експертите ќе има обврска за извршените задачи да изготви извештај за реализација на обуката и евиденција за работни часови (time sheet).
III Тип на договор, надоместок и рокови
Ангажманот на експертите ќе се регулира со договор за авторско дело, во согласност со позитивните законски прописи и проектната апликација.
Вкупниот надоместок за еден експерт не може да изнесува повеќе од 65.000 денари.
Школата за родова еднаквост е предвидено да се реализира во периодот ноември-декември, 2024 година.
IV Потребни квалификации
Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:
- Завршено високо образование од областа на општествени науки.
- Познавање на Англиски јазик
- Минимум 5 години соодветно работно искуство.
- Одлично познавање на моменталната состојба со законите, правилата и прописите на националното и локално законодавство и легислатива поврзани со родовата рамноправност.
- Одлично познавање на меѓународните документи кои ја регулираат родовата рамноправност и решенијата во ЕУ државите.
- Претходно искуство во исти или слични ангажмани.
V Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
- Лична биографија (CV)
- Писмо за интерес со референци за претходно работно искуство
- Листа на претходно реализирани обуки (по можност и препораки)
- Финансиска понуда
VI Критериум за избор:
Добиените апликации ќе бидат разгледани, оценети и евалуирани од страна на комисија основана од Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп и партнерите на проектот. Некомплетните апликации и апликациите добиени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани за понатамошна евалуација. Сите примени понуди прво ќе бидат предмет на административна проверка. Понудите кои ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на проверка на експертиза техничка, и финансиска евалуација.
- VII Рок за пријавување
Понудите треба да се достават најдоцна до 12 ноември 2024 (16,00 часот) година по електронска пошта на: [email protected], или директно или по пошта во канцелариите на Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп на ул. Димо Наредникот бб (зграда Ерик) , во затворен плик со назнака „Апликација за експерти за „Школа за родова еднаквост“.
Дополнителни информации
Дополнителни информации за повикот за експерти можете да добиете со испраќање на маил на [email protected]
Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител во парнтерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.