Search
Close this search box.

ОТВОРЕН ПОВИК за избор на учесници за „Школата за родова еднаквост“

Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагоија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК

за избор на учесници за „Школата за родова еднаквост

 

Овој документ содржи упатства за заинтересираните апликанти да одговорат на отворениот повик за учество на „Школата за родова еднаквост“ како дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“.

Целта на „Школата за родова еднаквост“ е да зајакне група граѓани од Пелагонискиот регион со сеопфатно познавање на принципите и практиките за родова еднаквост. По завршувањето на школата, учесниците ќе имаат можност да се вклучат како родови промотори и активно да бидат вклучени во другите проектни активности.

I Краток опис на проектот

Overall Objective:

General purpose
Зајакнат граѓански ангажман за поголема родова еднаквост кај маргинализираните заедници од Пелагонискиот регион.

Overall Objective:
С.Ц.1: Подобрување на координацијата и поддршка за иницијативите за родова еднаквост помеѓу клучните институции во Пелагонискиот регион.
С.Ц.2: Поттикнување на жените/девојките и мажите/момчињата да се ангажираат како промотори за родова еднаквост.
С.Ц.3: Зголемување на знаењето и пристапот до услуги за остварување на права.

 

Results:
Р.1: Засилена соработка и ангажман со клучните институции во Пелагонискиот регион.
Р.2: Зајакнати капацитети на руралните и мултиетничките заедници и инклузивна застапеност.
Р.3: Зголемена свест и поддршка на заедницата за иницијативи за родова еднаквост и права за репродуктивно здравје.

II Потребни квалификации

Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

  • Завршено најмалку основно образование.
  • Претходно искуство во граѓански сектор ќе се смета за предност.
  • Интерес за усвојување на нови знаења од областа на родовата рамноправност.

 

  • III Потребна документација
  • Лична биографија (CV)
  • Писмо за интерес

IV Критериум за избор:

Добиените апликации ќе бидат разгледани, оценети и евалуирани од страна на комисија основана од Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп и партнерите на проектот.   При изборот ќе се внимава на рамноправна застапеност на обуката на учесници по возраст, пол, етничка припадност, како и вклученост на учесници од сите општини од Пелагонискиот регион.

 

  • V Рок за пријавување

Апликациите треба да се достават најдоцна до 12 ноември 2024 (16,00 часот) година по електронска пошта на: [email protected],  или директно или по пошта во канцелариите на Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп  на ул. Димо Наредникот бб (зграда Ерик) , во затворен плик со назнака „Апликација за учесник на „Школа за родова еднаквост“.

Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот за експерти можете да добиете со испраќање на маил на [email protected]

 

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител во парнтерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.