Посета на Центарот за рехабилитација на жртви од тортура

На ден 19.07.2019 година, Центарот за рехабилитација на жртви од тортура беше посетен од Екмел Цизмециоглу, Раководител на програмата Граѓанско општество и човекови права од Делегацијата на Европската Унија во Република Србија. Овој центар

На ден 19.07.2019 година, Центарот за рехабилитација на жртви од тортура беше посетен од Екмел ЦизмециоглуРаководител на програмата Граѓанско општество и човекови права од Делегацијата на Европската Унија во Република Србија. Овој центар функционира во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“финансиран од Европската Комисија во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Во реализација на овој проект е вклучена организацијата Центар за човекови права од Ниш, а и организацијата ИАН од Белград, Република Србија, чии претставници беа присутни на оваа средба.

На оваа посета беа разгледани просториите и начинот на функционирање на Центарот за рехабилитација на жртви од тортура, претходните и тековните случаи на кои работел Центарот, а господин Цизмециоглу имаше и можност да разговара со една од жртвите, заедно со психологот и правникот од Центарот.

Исто така за време на посетата се зборуваше и за соработката на Центарот за граѓанска иницијатива со Затвор Прилеп и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп, а имаше и средби со раководствата на овие институции.

 

{gallery}Visit at the Centre for rehabilitation of torture victims{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.