Промотивна конференција во Општина Ресен

На 13.04.2018 во големата сала во зградата на Општина Ресен, се одржа промотивен настан за проектот ,,Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II” кој што е имплементиран од страна на Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп, Организација за управување со дестинација- Корча, Агринас Ерсеке и Здружение на овоштари Благој А. Котларовски- Ресен. Овој проект е финансиран од Европската Унија ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка.

На овој настан се промовираат активностите на проектот, начинот на кој можат да учествуваат земјоделците како и можностите кои се нудат со овој проект. Настанот го отвори и го водеше Офицерот за комуникации. Прво му беше дадено збор на градоначалникот на Општина Ресен, г-дин Живко Гошаревски, кој им посака топло добредојде на учесниците и покажа соработка за имплементација на овој проект како и желба за можност за нови проекти.

Покрај градоначалникот  претставници на четирите здруженија им беше даден збор на Албана Цуле и Паскал Вогли кои  ги презентираа за нивните организации, за важноста на овој проект како и влијанието на овој проект врз средината. Овој проект ќе се спроведува на територијата на Ресен, и Корча со посебно внимание на Преспанскиот прекуграничен регион. На конференцијата се обрна внимание на тоа кои се целните односно жителите од овој регион, овоштарите како и младите ученици.  На оваа конференција беа презентирани сите активности кои се предвидени во рамките на овој проект.

Конференцијата заврши со презентирање на можностите на веб страната, односно она што е од голема важност за земјоделците, системот за информирање и пренесување на информациите од агро- метеоролошките станици. Исто така беше презентиран форумот преку кој ќе има можност за врежување на агро- производителите и размена на искуства за важните теми на проектот.  Беше нагласено да се следи оваа веб страна бидејќи таму ќе биде објавен повикот за субгрантирање.

На настанот присуствуваа 50тина луѓе од  кои агро- производители, професори и претставници на локалната власт. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.