Monitoring the Principles of Public Administration in Preserving the Values of Good Governance

Во Скопје четиринаесет граѓански организации од Македонија, меѓу кои и Центар за граѓанска иницијатива, потпишаа договори за грантови во рамки на проект финансиран од Европската унија, преку кој ќе се утврдуваат стандарди за добро управување во локалните самоуправи врз основа на т.н сигма принципи за јавна администрација.

Проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување вредности на добро управување“ го спроведува Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг МКА -2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

Целта на овој проект е развивање на стандардите за добро управување во локалните самоуправи врз основа на воспоставените стандарди за добро управување од страна на СИГМА и Европската Комисија, т.н. „Принципи на јавната администрација“, и следење на исполнувањето на новите стандарди за добро управување од страна на локалните самоуправи.

Низ процес на дијалог и соработка со локалната власт и Министерството за локална самоуправа, проектот се стреми да го подобри начинот на работа на локалните самоуправи, односно на услугите кои тие ги обезбедуваат за граѓаните.

{gallery}web_img/principi{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.