Search
Close this search box.

Центар за граѓанска иницијатива во рамките на овој проект ќе биде вклучен во акции на следење и евалуација на работата на единиците на локалната самоуправа преку воспоставени стандарди за добро управување, како дел од проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015“.

Проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ се спроведува од страна на Центар за управување со промени во партнерство со Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Асоцијација за менаџмент консалтинг МКA-2000.

Во рамките на овој проект нашата организација ќе врши следење на работата на локалните самоуправи: Општина Кривогаштани, Општина Крушево, Општина Могила, Општина Прилеп и Општина Долнени врз основа на утврдени стандарди за добро управување, ќе изработува извештаи и студија на случај.

Периодот на спроведување на активностите од проектот е 15 месеци, започна од 15-ти август 2017 година и завршувајќи на 15-ти ноември 2018 година.

{gallery}web_img/principi01{/gallery}