Search
Close this search box.

ЦГИ е партнер со Асоцијацијата за демократска иницијаива (АДИ) од Гостивар која е носител на овој проект и Center for Infotmation Service, Co-operation and Development of NGOs (CNVOS) – Љубанаго имплементираат  проектот „Локални партнерства за Социјална Инклузија“. Проектот се имплементира во рамки на Operational Programme for Human Resources Development 2007-2013 IPA Component IV.

Општата цел на проектот “Локални Партнерства за Социјална Инклузија“ е да ги поттикне клучните локални чинители и граѓанското општество за изработка на локални акциони планови, за зголемување на нивото на соработка и за зголемување на партиципативноста на клучните локални чинители во активностите и политиките за социјална инклузија. Овој проект, преку планираните активности како:  акција за оценување и детектирање на актуелните состојби, најпрво ќе ги идентификува потребите и капацитетите, заедничките интереси на клучните локални актери и приоритетите за детектирање на социјална ексклузивност.

Потоа, преку работилници за градење консензус и партнерство и изработка на прирачници за локалните партнерства и акционите планови за социјална инклузија, проектот ќе ги дефинира приоритетите за справување со одредени, локални социо-економски проблеми, ќе ја поттикнува и охрабрува мулти-секторската соработка и партиципативност на сите локални чинители, ќе ги запознае истите со придобивките од самиот модел на локални партнерства во насока на ефикасно и продуктивно решавање на проблемите на граѓаните како и со значајноста на инклузијата на сите општествени групи и ранливи категории на граѓани, во процесот на носење одлуки. На крај, преку завршна национална конференција, ќе се споделат искуствата стекнати во текот на имплементација на проектот, ќе се разгледа можноста за воведување на моделот на локални партнерства во другите општини и ќе се промовира тој модел, во функција на поттикнување на социјалната инклузија.

Проектот е финансиран од Европската Унија (EU) и се спроведува во периодот од декември 2015 до август 2017 година.