На Прес конференција која е во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“ беше промовиран почетокот на работа на Центарот за рехабилитација на жртви од тортура.

        На Прес конференција која е во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“ беше промовиран почетокот на работа на Центарот за рехабилитација на жртви од тортура. Имено од почетокот на оваа година почна да работи овој центар и досега три лица веќе побарале помош во истиот. Целта на овој центар е да придонесе за ефикасно спречување на тортура, борба против неказнивост и заздравување од последиците од тортурата. Со жртвите кои ќе побараат помош во центарот работат психолози, психијатри, доктори, правници, ќе има и документирање на сите случаи, процесуирање до суд и други видови на помош. Во рамките на Центарот функционира мобилен тим кој ќе може да реагира на територијата на целата држава.

     За Центарот неговата работа и значење пред медиумите зборуваа: Гоце Тодороски – Извршен директор на ЦГИ, Freek JANMAAT, Советник, Раководител на сектор – претставник на ЕУ делегација – Скопје, Јелена Лончаревиќ – Програмски директор -претставник на ИАН – Белград – Србија, Живко Силјаноски директорот на МЦСР – Прилеп, Александар Дамески директорот на Затвор Прилеп.

     Гоце Тодороски зборуваше за начинот на функционирање на Центарот, неговата достапност, за искуствата на партнерите во проектот и соработката со институциите.

     Јелена Лончаревиќ – Програмски директор -претставник на ИАН – Белград во обраќањето пред медиумите потсети дека тортурата е едно од најстрашните кршења на човековите права, дека тоа е злосторство против човештвото. Целта на тортурата е да се уништи човечката личност, достоинството и секогаш има цел да се застраши заедницата. Лончаревиќ спомна дека овој центар, како и нивниот во Србија ги третираат и им помагаат и на членовите на семејствата врз кои се вршела тортура.

     Според Freek JANMAAT, Советник, Раководител на сектор – претставник на ЕУ делегација – Скопје овој проект доаѓа во вистинско време кога Македонија се соочува со процес на евроинтеграции и кога прашањето на човековите права е горлив проблем воопшто. Според универзалната декларација на човековите права, никој не треба да биде предмет на тортура или на нехуман и на деградирачки третман или казна рече Freek JANMAAT и додаде дека за нашата држава тие обезбедувале постојана помош во оваа област повеќе од 20 години.

     Директорите на меѓу општинскиот центар за социјална работа – Прилеп Живко Силјаноски и на Затвор Прилеп – Александар Дамески, во своите изјави го потврдија доброто искуство од соработката во минатото со ЦГИ, но и нивната отвореност и транспарентност за соработката во иднина и во рамките на овој проект, а со цел заштита и унапредување на човековите права и спречување на појавата на тортура.

     Овој проект „Сеопфатна акција против тортура“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Србија, а во неговата реализација се вклучени Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш, а ќе трае до крајот на 2020 година.

 

{gallery}Center for rehabilitation of torture victims{/gallery}