Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп со прес конференција и уметничка колонија за поддршка на жртвите на тортура го одбележа Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура.

            Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп со прес конференција и уметничка колонија за поддршка на жртвите на тортура го одбележа Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура.
         Имено со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш со кој работи на реализација на проектот „Сеопфатна акција против тортура“ поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Србија одржавме прес конференција на која пред присутните новинари ги презентираа постигнатите резултати во изминатиот период и најавија дел од идните активности. На прес конференцијата учествуваа: Талија Петреска – правник во Центарот за помош на жртви од тортура и Кристина Павлоски – психолог Центарот за помош на жртви од тортура Јелена Лончаревиќ – програмски директор – претставник на ИАН – Белград, Србија и Павлина Михеленко – Центар за човекови права – Ниш, Србија.
            На плоштадот кај Градскиот саат во Прилеп, годинава ја организиравме првата уметничка колонија која го предизвика вниманието на прилепската јавност. Голем број на граѓани застанаа крај уметниците разговараа со тимот на ЦГИ и го подржаа проектот и неговите активности. Ова е само првата активност на уметниците, во иднина ќе има и други нивни колонии, на други локации ќе има заеднички изложби, а нивните дела ќе бидат дел од други хуманитарни изложби, некои од нивните дела ќе бидат дел од кампањи и слично. Центар за граѓанска иницијатива им се заблагодарува на ликовните уметници: Славчо Павлоски, Александар Џинго, Дарко Талески, Павлина Илиеска и младата Каја Здравеска за нивната несебичност, одбвоено време и поддршка на одбележувањето на овој ден.
           Центарот за помош на жртви од тортура, кој функционира во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“, продолжува да се среќава со жртвите од тортура, овозможувајќи им бесплатна, правна, психолошка и медицинска помош.

{gallery}Commemoration of the international day for support of torture victims{/gallery}