Search
Close this search box.

          Во програмата: Развој на граѓанскот сектор ЦГИ има одобрени 18 проекти, реализирани на територијата на Република Северна Македонија и на Балканските земји. За реализација на проектите во оваа програма има повеќе од 10 донатори.

 Почетоци (1997 – 2003)

Тргнувајќи од општеството, почнувајќи од неговите почетоци во период на слабо или речиси непостоечко граѓанско општество, ја поделивме својата програма на два дела: Градење на капацитетот на ЦГИ и градење на капацитетот на другите граѓански организации.

ОбукиНедостатокот на знаење од страна на младите ентузијасти во дефинирање и имплементирање на граѓанските иницијативи, развивање на програми и проекти, не инспирира да ги искористиме искуствата од странските обучувачи за имплементација на активностити и обуки првично на нашите вработени, и со тоа креиравме спектар на експерти за менаџирање на проектен циклус, стратегиско планирање и собирање нa средства.

Македонска документација и Центар за информациисоздадовме база на податоци на сите граѓански организации на Балканскиот регион кои работат во секторот на човековите права и граѓанското општество и со тоа се овозможи комуникација и стекнување на контакти помеѓу невладините организации, а додека пак со тоа се овозможи проширување на мрежа на контакти и размена на искуства. Овие беа нашите почетоци за зацврстување на граѓанските организации во сферата на проширување на мрежата на контакти и пренесување на информации во регионот.

Центар за поддршка на граѓанските организации – преку обезбедување на експертска поддршка во регистрирањето на граѓанските организации, нивното градење на капацитети во сферата на менаџирање со граѓанската организација, комуникација со донатори и комуникација со локалните структури на полиси, обезбедивме ресурси за поддршка на развојот на граѓанското општество.

 

   2004– 2009

Поради потребата на нашиот професионален развој во овој период работевме на:

Институционален развој на ЦГИ поддржана и препознатлива како една од водечките организации од страна на донатори, имавме поддршка во процесот на стратегиски развој, свои работни простории и тим од експерти жедни да го надоградат и пренесат своето знаење со другите.

Регрантирање и мониторинг за развивање на капацитетите на граѓанските организации – имајќи добар организациски менаџмент, менаџирање на проектен циклус и собирање на средства, својата работа ја посветивме кон надгледување на развојниот процес на новите граѓански организации  во регионот, преку шема на мали локални грантови со кои се вежба методот на учење преку работење, што е потврдено дека е најефективниот метод во процесот на развој на една граѓанска организација.

Мрежа на контакти(вмрежување) поради важноста на заедничкото решавање на проблемите на општеството, ние ја истакнавме важноста на мрежа на контакти (вмрежување)  преку специјално направени обуки согласно со потребите на членовите на мрежата. Покрај тоа ние исто така бевме членови на повеќе мрежи во државата и во регионот.    

 

Сегашни и идни гледишта

Во последните години, граѓанското општество на Република Северна Македонија и Балканскиот регион се соочи со постојан развој и промена на приоритетите во општеството и со гордост кажуваме дека придонесовме за сегашната ситуација. Но и покрај овие промени, треба да се поправат уште голем број на проблеми во овој домен.

Моментално и во иднина ќе продолжиме со:

Институционален развој и градење на капацитет ова е тема која што ни се појавува во нашата секојдневна работа, која што не е поврзана само со оваа програма туку своите гранки ги има и во другите програми на организацијата. Ќе продолжиме со постојаното модифицирање и надоградување на нашето знаење и стручност притоа споделувајќи го тоа знаење со другите

Соработка со граѓанското општество и локалните власти – општеството дојде до степен кога почнува да ги препознава потребите за заедничко адресирање на проблемите. Поради тоа, почнавме да ја поддржуваме соработката со локалната власт во делење на одговорностите за обезбедување услуги за заедницата.

Обезбедување за услуги за градење на капацитетот на невладините организации – ние сме со намера да ги користиме нашите капацитети и средства за провизија на услугите за локалните невладини организации согласно нивните потреби.Организираме обуки и ги поддржуваме во нивната работа во сферата на организациското развивање и стратегиското планирање.