За проектот
Центар за граѓанска иницијатива го имплементира проектот против родово базирано насилство во општина Прилеп и Долнени финансиран од Амбасада на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија. ЦГИ ќе работи со населението во двете општини на зголемување на информираноста за видовите на родово базирано насилство. Жените – жртви се соочени со традиционалното однесување кое е рефлектирано со затворен круг на комуникација, особено за сето тоа што се случува во нивното семејство. За да се овозможи сеопфатен пристап до целните групи ЦГИ ќе оствари соработка со релевантните институции со кои заедно ќе се пристапи кон превентивни мерки и активности, но истовремено ќе им биде обезбедена директна поддршка на корисниците.
Цел на проектот
Главната цел на проектот е жените, малцинствата и маргинализираните групи во општина Прилеп и Долнени имаат пристап до правна и психолошка помош за родово базирано насилство и ре-социјализација во заедниците целосно информирани за постоечките системи за заштита на човековите права. Во проектот ќе функционира центар за бесплатна правна и психолошка помош на жртви на родово базирано насилство и лица кои ја отслужиле нивната затворска казна. ЦГИ ќе ја зајакне соработката со мулти-секторскиот стручен тим кој работи на семејно насилство, претставниците од службата за пробација, локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика.
Проектот ќе ги поттикне децата креативно да ја користат технологијата преку изработка на видео материјали за превенција од родово базирано насилство.
Активноси
– Функционирање на Центар за правна и психолошка помош
– Семејни средби со психолог
– Информативни средби со граѓани
– Соработка со релевантни институции
– Работилници со ученици – подготовка на видео материјали за превенција