Search
Close this search box.

Временска рамка: 01.03.2019 – 31.12.2019

Финансирано од: ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија

Клучни актери во проектот се: Организации на граѓанското општество во 10 општини; Малцинствата (етнички, религиозни) и специфични групи (жени, гласачи за прв пат) ; Медиуми; Општински службеници; и Претставниците на политичките партии.

Општини во кои се реализираат активностите се: Прилеп, Ресен, Крушево, Долнени, Битола, Куманово, Велес, Штип, Дебар и Гевгелија.

            Со овој проект придонесовме за јакнење на малцинствата и специфичните групи и за промовирање на партиципативната демократија.

            Вршиме ПОДДРШКА на механизмите за институционална одговорност.

Го УНАПРЕДУВАМЕ УЧЕСТВОТО на граѓаните, малцинствата и специфичните групи во управувањето, политичката независност и демократскиот процес.

Со низа активности како обуки, тркалезни маси, форуми и други ги ЗАЈАКНАВМЕ  капацитетите на граѓанските организации, малцинствата (етнички, верски) и специфичните групи (жени, гласачи за прв пат, студенти) во 10 општини во кои се реализираат проектните активности.

ПРИДОНЕСОВМЕ за развивање на граѓанскиот активизам и ја подобривме соработката на медиумите со граѓанските организации, специфичните групи (жени, гласачи за прв пат, студенти), локалните политичари.

             Резултати кои произлегуваат од реализацијата на проектот се:

 Зголемено учество на граѓанските организации, малцинства и специфични групи во процесот на донесување одлуки на локалната заедница и националните нивоа. 

  Младите, жените, малцинствата поспособни во барањето транспарентност, одговорност и одговорно управување.

– Зголемен интерес на младите, малцинствата и специфичните групи за учество во креирањето на локалните политики.

– Едуцирани, млади, жени, претставници на граѓански организации за човекови права и демократија

 Всушност со реализацијата на овој проект ги поддржуваме механизмите за институционална одговорност и го унапредивме учеството на граѓаните, малцинствата и специфичните групи во управувањето, политичката независност и демократскиот процес. Со проектот, даваме придонес кон јакнењето на капацитетите на организациите на граѓанското општество, малцинствата (етнички, верски) и специфични групи (жени, гласачи за прв пат, студенти) во формирањето на политичко мислење за зголемување на политичкото учество како и јакнење на капацитетите на медиумите за да придонесат кон процесот на партиципативна демократија.

Извршивме проценка на капацитетите на целните групи во насока на нивното познавање на документите за граѓанско учество, нивната мотивација за вклучување во демократските процеси и нивната перцепција за објективноста на известувањето на медиумите. Врз основа на тие процени, целните групи учествуваа во процес на градење на капацитетите за креирање на нивното политичко мислење преку користење на релевантни информации. Посебен фокус на проектот во досегашната реализација е соработката меѓу медиумите, граѓаните, претставниците на локалните самоуправи и локални политичари.