На 24.08.2023 во посета на Центар за граѓанска иницијатива во Прилеп беше амбасадорката на Сојузна Република Германија нејзината екселенција Петра Дрекслер.
На оваа средба беа презентирани проектите и акциите кои ги има реализирано Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп со финансиска поддршка од страна на Германската амбасада во Скопје и други германски фондации. Исто така, на оваа средба се разговараше и за тековните проекти и идните планови на ЦГИ, но и за моменталната состојба во државата.