Search
Close this search box.

Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II

Центар за граѓанска инцијатива- Прилеп во соработка со Организација за управување со дестинацијата, Агринас Ересеке и Здружение на овоштари Благој А. Котларовски- Ресен започна со имплементација на проектот ,,Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2 Програма за прекугранична соработка алокации 2014-2015. Времетраењето на овој проект е две години  со почеток на 15 Ноември 2017 и ќе трае до 14 Ноември 2019 година. 

Целта на проектот е стимулирање на одржлива употреба на природните ресурси, намалување на употребата на пестициди и подигање на свеста со цел заштита на животната средина. Проектот се состои од три компоненти во чијашто реализација подеднакво се вклучени сите 4 партнери. Со овој проект посебно ќе се нагласи заедничката имплементација и еднаков придонес на сите партнери се со цел успешно да се имплементираат активностите во прекуграничниот регион кој што се смета за една област.

Планираните активности ќе обезбедат поддршка на двете лаборатории со потребната опрема за поддршка на земјоделците. Нов иновативен метод фертигација ќе биде промовиран со суб-грантовата шема во двете земји како и организирање на обуки за земјоделци. Исто така ќе се работи во 15 училишта каде што ќе се организира кампања за подигање на свеста со формирање на еко градини во училиштата како и иницијативи за зачувување на водата за пиење. Ќе биде организирано размена на искуства за да се презентира веќе функционалниот систем за компостирање во Македонија и размена на тие искуства во Албанија. Претставници од партнер Здружението на овоштари Благој А. Котларовски ќе помогнат со формирањето на здружение на овоштари во Албанија. На крајот претставници од земјоделците ќе посетат ЕУ земја каде што системот на компостирање и фертиригација е поразвиен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.