Правникот и психологот одржаа информативни средби со семејства на тема родово базирано и семејно насилство. Овие средби се во…
Правникот и психологот одржаа информативни средби со семејства на тема родово базирано и семејно насилство. Овие средби се во рамките на проектот „Акции против родово базирано насилство во ромски и други маргинализирани заедници“ финансиран од Германската Амбасада во Скопје.
Се одржаа вкупно 12 вакви тематски работилници од кои 6 во општина Прилеп и 6 во општина Долнени. Во рамките на овој процес се вклучија 470 учесници, мажи и жени од заедницата кои се здобијаа со информации, релевантни за да се направат некакви промени во нивните сфаќања за родово базираното насилство.
Исто така на овие средби, на учесниците им беа презентирани постоечките правни рамки во државата за превенција од семејно насилство, за форми на семејно насилство и институции одговорни за справување со правните проблеми од семејното насилство.
{gallery}GER_GBV_PP-DL/Info_sredbi{/gallery}