Посебен фокус на проектот е формирање партнерства меѓу медиумите, граѓаните и претставниците на локалните самоуправи, и подобрување на…
Посебен фокус на проектот, „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија, е формирање партнерства меѓу медиумите, граѓаните и претставниците на локалните самоуправи, и подобрување на комуникацијата меѓу нив што ќе обезбеди непречен тек на објективни и релевантни информации.
Во рамките на оваа активност реализирани се три средби на кои се работеше на зацврстувањето на односите на политичките претставници и новинарите. На средбите се разговараше за текот на информациите кои треба да бидат презентирани пред јавноста. И новинарите и политичките претставници имаа подготвеност за соработка. Се дискутираше за различните канали на комуникација од начинот на поканување, преку начинот на доставување на информации па до јавните настапи пред медиумите.