Базирано на принципот на идентификација на заедничките потреби и интереси како метод за поврзување на различните етнички заедници во 12 избрани општини (Општина Долнени, Кичево, Крушево, Велес, Сарај, Чаир, Ресен, Чашка, Кочани, Делчево, Теарце и Карпош) беа иницирани процеси на форуми во заедниците…
Базирано на принципот на идентификација на заедничките потреби и интереси како метод за поврзување на различните етнички заедници во 12 избрани општини (Општина Долнени, Кичево, Крушево, Велес, Сарај, Чаир, Ресен, Чашка, Кочани, Делчево, Теарце и Карпош) беа иницирани процеси на форуми во заедниците.
Општинските тела заедно со менторите од менторските организации ги организираа форумите во заедниците поканувајќи различни членови на зедниците, претставници од месните и урбаните заеднци, претствници од различни граѓански организации, од сите етнички заедници и претставници на бизнис секторот вклучувајќи вкупно 1735 учесници.
За време на форумите во секоја од целните општини беа идентификувани приоритетни области кои се од најголема важност за заедниците без разлика на етничката припадност. Беа развиени приоритетни области како образование, спорт, култура, вработување, туризам, инфраструктура и сл.
Во процесот во 12 општини беа организирани 48 форуми каде учеството на форумите на присутните им даде чувство на сопственост развиените приоритетни области и сите тие размислуваа не само за потребите на нивната етничка заедница, но за потребите на сите етнички заедници.
Учесниците на форумите изработија општински акциони планови за секоја општина кои беа предадени на претставниците на општините.
{gallery}Joint_Forces_for_Common_Interests/Forumsjoint{/gallery}