Имено повеќе дневните семинари наменети за средношколци наместо да се реализираат во училници мораше да се префрлат на интернет. Всушност обуката „Градење на доверба“ за ученици – работни групи, од трите средни училишта: „Јовче Тесличков“ – Велес, „Наце Буѓони“ – Куманово и „Јосиф Јосифоски“ – Гевгелија се реализираа електронски.
Ново настанатата состојба со Covid-19 вирусот и вонредната состојба во нашата држава направи поместување и прилагодување на некои од активностите па така и на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“ – кој се реализирасо поддршка од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија. Имено повеќе дневните семинари наменети за средношколци наместо да се реализираат во училници мораше да се префрлат на интернет. Всушност обуката „Градење на доверба“ за ученици – работни групи, од трите средни училишта: „Јовче Тесличков“ – Велес, „Наце Буѓони“ – Куманово и „Јосиф Јосифоски“ – Гевгелија се реализираа електронски. Предавачот Даниела Цветаноска направи прилагодување на семинарите за електронско – интернет спроведување и успешно го реализира. Обуката на учесниците на тренингот им донесе запознавање со младинско учество, принципите и формите на младинско учество. Беа презентирани законите и стратегиите кои се однесуваат на млади, а се дискутираше за влијание врз локалните креатори на политики. Се разговараше за јакнење на доверба и соработка меѓу средношколците која носи идентификување на заеднички приоритети и чекори на донесување заеднички решенија. За одбележување е активната вклученоста на учениците за време на предавањата, вежбите и дискусиите. Беа посебно активни во делот на вежбите за организирање на состаноци и презентирање и застапување на своите идеи.
{gallery}ZIVIK_2/Internet_Seminari{/gallery}