Search
Close this search box.

Донација за ученици од Прилеп и Долнени

Во овој период на пандемија COVID-19 ни се закануваат не само здравствени последици, туку и економски, социјални и последици во образованието. Заради намалување на ризик од зараза, едукативниот систем во нашата држава моментално се…

Во овој период на пандемија COVID-19 ни се закануваат не само здравствени последици, туку и економски, социјални и последици во образованието. Заради намалување на ризик од зараза, едукативниот систем во нашата држава моментално се изведува онлајн од домашни услови. Но за жал овие домашни услови не се еднакви за сите, а многу ученици нема да можат да ја следат онлајн наставата поради недостиг на соодветен уред, интернет или друго.

Центар за граѓанска иницијатива работи со голема посветеност да помогне во сите сфери во нашата држава. Овој пат, се изврши донација на таблет – уреди за 30 ученици од Општина Прилеп и уште 4 за ученици од Општина Долнени кои се од социјално-економски загрозен карактер со посебен фокус на Роми, односно ученици кои немаат соодветни уреди за следење на онлајн наставата.

Оваа активност беше во склоп на проектот „Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани заедници фаза II“ финансиран од страна на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

{gallery}GER_2/Donacija{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.