Search
Close this search box.

Мониторинг посета во рамките на проектот „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА“

              На 13 март во просториите на Центар за граѓанска иницијатива во Прилеп во рамките на проектот„Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА“кој е финансиран од Европска Унија, се одржа работна средба помеѓу организациите и општините кои го спроведуваат проектот и претставниците од Делегација на Европска Унија на Северна Македонија.

На оваа средба се разговараше за досегашната реализација на проектните активности од една страна и за активностите кои следат, од друга страна. Исто така, средбата беше искористена за дискусија и разговор за прекуграничната соработка на партнерите и придонесот кон остварувањето на проектните резултати и цели.

Во просториите на Центар за граѓанска иницијатива во Прилеп на 27 март се оствари мониторинг посета на проектот од страна на претставник од Заеднички технички секретаријат – Струга од IPA CBC Програма Северна Македонија – Албанија. Мониторинг состанокот се состоеше во преглед на тековните случувања во однос на оригиналниот работен план на проектот, севкупниот напредок на проектот, како и други прашања поврзани со активностите.

Овој проект се реализира со средства од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.