Search
Close this search box.

  


Нашата работа е…

Градење капацитети

Во текот на нашата работа ние развивме и продолжуваме да ги развиваме нашите капацитети во различни сфери, притоа создавајќи спектар од експерти кои можат да ги пренесат знаењата на саканите целни групи преку организирање на обуки за:

– Човекови права

– Организациски развој

– Менаџирање на проекти

– Решавање на конфликти

Консултации

– Ги користиме нашите ресурси за консултации со различни видови на организации за обезбедување на помош во текот на развојниот процес.

Обезбедување на правна помош

– Работејќи за заедницата обезбедуваме правна помош за оние жртви кои биле неправедно третирани од полицијата.

Подигаме свест

– Промената може да се предизвика само доколку се обезбедат доволно информации на заедницата неопходни за да се стимулира промената. Поради тоа организираме различни видови на активности за подигање на свеста преку споделување на информации, образование, медиуми и активности за младите.

Превенција

– Ние ја гледаме превенцијата како основа за надминување на проблемите на патот на развојот на заедницата. Многу од нашите ресурси се посветени на оваа превентивна компонента во секоја од специфичните делови на програмата во нашата организација.

Развој на алатки и прирачници

– Сметајќи дека учењето е основниот столб на промената, од претходни искуства научивме и развиваме алатки и прирачници со цел да го поддржиме континуираниот процес на учење на нашите целни групи.

Обезбедување услуги

– Со нашето знаење и искуство ние ги нудиме нашите услуги на граѓанско организации и на секторите на локалните самоуправи во областа на менаџирање на проекти и локален развој.