„Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“

Носител: Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Партнери:
Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп
Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени

Временска рамка: 01.07.2024 до 30.06.2026
Финансирано од Цивика мобилитас
Локација на проектот: Пелагониски регион

Цели на проектот:
Општа цел:
Зајакнат граѓански ангажман за поголема родова еднаквост кај маргинализираните заедници од Пелагонискиот регион
Специфични цели:
С.Ц.1: Подобрување на координацијата и поддршка за иницијативите за родова еднаквост помеѓу клучните институции во Пелагонискиот регион
С.Ц.2: Поттикнување на жените/девојките и мажите/момчињата да се ангажираат како промотори за родова еднаквост
С.Ц.3: Зголемување на знаењето и пристапот до услуги за остварување на права

Резултати:
Р.1: Засилена соработка и ангажман со клучните институции во Пелагонискиот регион
Р.2: Зајакнати капацитети на руралните и мултиетничките заедници и инклузивна застапеност
Р.3: Зголемена свест и поддршка на заедницата за иницијативи за родова еднаквост и права за репродуктивно здравје

Активности:
• Формирање на координативно тело
• Промоција на проектот пред институции во Пелагонискиот регион
• Школа за родова еднаквост
• Формирање на Регионално тело на родови промотори
• Едукација и информација на локалното население
• Директни услуги во заедницата
• Медиумска кампања за подигање на свеста
• Караван за еднаквост
• Завршна регионална конференција

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.