Search
Close this search box.

14 мали проекти во склоп на здружените сили за заеднички интереси

14 проекти кои произлегоа од овие мали грантови фокусираа различни приоритети како култура, образование, спорт, институционален развој и одговорност, развој на младите, етнички проблеми, родова еднаквост, туризам, заштита на животна средина, рурален развој…

Во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европската Унија реализиран од организациите ЦОСВ, ЦГИ и АНТИКО, 14 мали грантови за градење доверба помеѓу заедниците беа доделени во селектираните општини. Имаше два повици за овие мали грантови во периодот од 08.02.2017 до 12.02.2018 објавени на веб страната на проектот и веб страните на партнерите, а и социјалните медиуми.

14 проекти кои произлегоа од овие мали грантови фокусираа различни приоритети како култура, образование, спорт, институционален развој и одговорност, развој на младите, етнички проблеми, родова еднаквост, туризам, заштита на животна средина, рурален развој и др. работејќи со различни целни групи како ученици, студенти и млади, наставници, културни работници, туристи и туристички работници, Локални самоуправи, јавна администрација и службени лица, бизнис сектор, различни етнички групи, жени, спортисти, Граѓански организации и др.

За да се придонесе кон успешноста на овие проекти се одржаа и 2 обуки за администрација и менаџмент кои имаа за цел да ги зголемат капацитетите на малите организации грантисти во администрацијата, финансискиот менаџмент и промоцијата и комуникацијата во склоп на проектите.

Овие мали грантови излегоа како многу влијателни со успешна имплементација на проектите. Малите граѓански организации, некои од нив по прв пат се сретнаа со предизвикот на развивање и имплементација на проект. Овој предизвик влијаеше врз нивните капацитети за реализирање на проекти. После завршувањето на оваа акција, селектираните граѓански организации беа подобрени најмногу во развивањето на долгорочно организационо планирање.

{gallery}Joint_Forces_for_Common_Interests/Regranting{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.