Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница фаза 2

Овој проект со својот пристап се заснова на решеност да работи за млади и заедно со млади и да обезбеди услови во кои младите можат да го исполнат својот потенцијал како активни граѓани кои придонесуваат не само за нивниот личен и професионален развој, туку и кон развојот на целото општество. Ќе ги потенцираме прашањата поврзани со…

Временска рамка: 01.01.2020 – 31.12.2021

Финансирано од: ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија

Клучни актери во проектот:

Младите (жени, малцинства, специфични групи, гласачи за прв пат) – 150 млади на возраст од 16 – 18 години; средни училишта; локални самоуправи – општински службеници и општински совети во 10-те целни општини; граѓански организации во 10 општини; медиуми, и претставници од политички партии.

 

Општини во кои се реализираат активностите се: Прилеп, Ресен, Крушево, Долнени, Битола, Куманово, Велес, Штип, Дебар и Гевгелија.

 

Овој проект со својот пристап се заснова на решеност да работи за млади и заедно со млади и да обезбеди услови во кои младите можат да го исполнат својот потенцијал како активни граѓани кои придонесуваат не само за нивниот личен и професионален развој, туку и кон развојот на целото општество. Ќе ги потенцираме прашањата поврзани со учеството на младите и информациите што ги издвоија како важни елементи од сите клучни засегнати страни како суштински за развојот на секоја млада личност во активен граѓанин и еднаков учесник во сите општествени процеси.

Преку спроведување на активностите очекуваме дека младите и сите релевантни чинители ќе се соберат и ќе работат на подобрување на процесот на демократизација во земјата.

Имајќи го ова предвид, имаме за цел да дадеме придонес кон младите (жени, малцинства [Албанци, Роми, Турци, Власи, Бошњаци], специфични групи, гласачи за прв пат), да се организираат на локално ниво, да разговараат за локалните политики со локалните власти и политички партии, иницирање  локални активности поддржани од медиумите и заедницата.

Овие активности ќе доведат до подобрување на социјалната и економската состојба на младите и создавање на средина што ќе им овозможи на младите да ги исполнат своите права, потреби и интереси. 

Учеството на младите и остварувањето на целите и резултатите на проектот ќе ги оствариме преку: Јакнење на млади – обуки за млади; Младински кампови за развој на локални иницијативи; Имплементирање на иницијативи подготвени од младите; Подготовка на приказни – застапување; Застапување – презентирање на идеите на младите на локално и национално ниво; Организирање на отворени дебати – Младите поставуваат прашања; Младите ги инспирираат своите врсници и состаноци со медиуми и поддршка од нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.