Лице во лице (B2B)

Посебен фокус на проектот е формирање партнерства меѓу медиумите, граѓаните и претставниците на локалните самоуправи, и подобрување на…

            Посебен фокус на проектот, „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија, е формирање партнерства меѓу медиумите, граѓаните и претставниците на локалните самоуправи, и подобрување на комуникацијата меѓу нив што ќе обезбеди непречен тек на објективни и релевантни информации.

Во рамките на оваа активност реализирани се три средби на кои се работеше на зацврстувањето на односите на политичките претставници и новинарите. На средбите се разговараше за текот на информациите кои треба да бидат презентирани пред јавноста. И новинарите и политичките претставници имаа подготвеност за соработка. Се дискутираше за различните канали на комуникација од начинот на поканување, преку начинот на доставување на информации па до јавните настапи пред медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.