Search
Close this search box.

Центар за граѓанска иницијатива ја промовира партиципативната демократија

Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) го реализира проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ чија цел е да ги поддржи механизмите за институционална одговорност и да го унапреди 

    Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) го реализира проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ чија цел е да ги поддржи механизмите за институционална одговорност и да го унапреди учеството на граѓаните малцинствата и специфичните групи во управувањето, политичката независност и демократскиот процес. Со проектот, ЦГИ ќе даде придонес кон јакнењето на капацитетите на организациите на граѓанското општество, малцинствата (етнички, верски) и специфични групи (жени, гласачи за прв пат, студенти) во формирањето на политичко мислење за зголемување на политичкото учество како и јакнење на капацитетите на медиумите за да придонесат кон процесот на партиципативна демократија.

 ЦГИ ќе изврши процена на капацитетите на целните групи во насока на нивното познавање на документите за граѓанско учество, нивната мотивација за вклучување во демократските процеси и нивната перцепција за објективноста на известувањето на медиумите. Врз основа на тие процени, целните групи ќе учествуваат во процес на градење на капацитетите за креирање на нивното политичко мислење преку користење на релевантни информации. Посебен фокус на проектот е формирање партнерства меѓу медиумите, граѓаните и претставниците на локалните самоуправи, ќе се подобри комуникацијата меѓу нив и ќе обезбеди непречен тек на објективни и релевантни информации.

 ЦГИ, како носител на проектот, во соработка со медиумската платформа на ЦИВИЛ, ќе работи со малцинствата (етнички, верски), одредени групи (жени, гласачи за прв пат), во избраните општини: Општина Прилеп, Ресен, Крушево, Долнени, Битола, Куманово , Велес, Штип, Дебар и Гевгелија.

 Зголемено учество на граѓанските организации, малцинствата и специфичните групи во процесот на донесување одлуки на локалната заедница и националните нивоа е дел од резултатите што се очекуваат од овој амбициозен проект. Понатаму, проектот ќе ги поддржи напорите да се создадат услови младите да ги преземат лидерските улоги во различни развојни иницијативи на нивните заедници. Малцинствата и специфичните групи (жени, гласачи по прв пат) ќе се оспособат да бараат транспарентност, одговорност и одговорно управување, а воедно ќе го зголемат интересот на малцинствата и специфичните групи за учество во политиката и креирањето на информирано политичко мислење. Според планот на ЦГИ, малцинствата и специфичните групи ќе се запознаат со нивните права и одговорности како граѓани во демократија и се способни самостојно да ги вршат. Активностите на проектот Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ започнаа на 1.03.2019, а ќе се реализираат до 31.12.2019 година, а овој проект е финансиски поддржан од донаторот ifa/Zivik.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.