Search
Close this search box.

ЦГИ се приклучи на РЕКОМ

Од 2018 година ЦГИ се приклучи на Коалицијата РЕКОМ, а од 27- 29 јануари 2018 година претставници од ЦГИ како делегати ќе присуствуваат на Собрание на истата и Форумот за транзиционата правда во пост-југословенските земји. РЕКОМ е регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права извршени на територијата на поранешна Југославија, од 1 јануари 

 Од 2018 година ЦГИ се приклучи на Коалицијата РЕКОМ, а од 27- 29 јануари 2018 година претставници од ЦГИ како делегати ќе присуствуваат на Собрание на истата и Форумот за транзиционата правда во пост-југословенските земји.

 

 

 

Што е РЕКОМ?

РЕКОМ е регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права извршени на територијата на поранешна Југославија, од 1 јануари 1991 до 31 декември 2001 година за чије основање се залага за Иницијативата РЕКОМ.

Процесот РЕКОМпочна со дебата за инструменти за откривање и кажувањето на вистината за минатото, во мај 2006 година, на Првиот регионален форум за транзициска правда.

Коалицијата за основање на РЕКОМ е основана на Четврт иот регионален форум за транзициска правда, 28.10.2008 година во Приштина.

Според Нацрт-статутот, РЕКОМ е меѓудржавна комисија формирана од државите формирани на територијата на поранешна СФРЈ. Ова вонсудско тело ќе ги испита наводите за сите воени злосторства и други тешки кршења на човековите права поврзани со војната; ќе ги наведат сите жртви на војната, како и жртвите на воените злосторства поврзани со војна; ќе собира податоци за логори и други места на присилно притворање. Регионалната комисија ќе биде независна од нејзиниот основач. Ќе се финансира од донации.

Иницијативата за РЕКОМ ги повикува пост-југословенските земји заеднички да ја формираат оваа комисија, и да ги утврди фактите важни за  историјата и иднината на целиот регион на поранешна Југославија, кои ќе бидат подеднакво прифатливо за сите поранешни завојувани страни. До крајот на 2014 година, иницијативата за формирање на РЕКОМ беше поддржана од повеќе од 580.000 луѓе од цела поранешна Југославија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.