Search
Close this search box.

Поддршка за време на COVID-19 на Македонските здравствени установи од Германска Амбасада

Со цел поддршка на Република Северна Македонија при спревување со пандемијата од Ковид 19 и директна помош на граѓаните, амбасадорката Анке Холштајн потпиша договори за донација за ЈЗУ општа болница „Борка Талески“ Прилеп, ЈЗУ клиничка болница Штип, ЈЗУ општа болница Куманово и Здравствен Дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000,-евра.

Македонските здравствени установи ќе ги искористат овие средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила.

Амбасадата им се заблагодарува на НВО Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, НВО Фондација за развој на локалната заедница Штип, НВО Центар за рурален развој Бујрум од Куманово, НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар за соработката при имплементацијата на овие проекти, а во корист на општина Прилеп, општина Штип, општина Гостивар и Општина Куманово.

Финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.

{gallery}GER_2/Ambulantno_Vozilo{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.