Search
Close this search box.

Документирање на тортура

Во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива, со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш, а кој е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Република Србија се одржа обука за Документирање на тортура.

          Во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива, со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш, а кој е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Република Србија се одржа обука за Документирање на тортура. Имено оваа обука имаше за цел зголемување на капацитетите на тимот на ЦГИ и неговите соработници пред почетокот на работа на Центарот за рехабилитација на жртви од тортура. Обуката ја спроведете тимот на ИАН- – Белград.

Тимот беше запознаат што е Инстанбулскиот протокол, како функционира, кои се обврските на државите и слично. Односно присутните беа запознати со инструментот за ефикасно и адекватно истражување и документирање на случаевите на тортура. Тимот на ЦГИ беше запознат со основните принципи за интервјуирање на жртвите, потоа со психолошките последици и докази за тортура и физичките последици и докази за тортура. Искуствата и знаењата ги пренесоа: Билјана Петровиќ, Бојана Трифуновиќ, Славољуб Милојевиќ, Владимир Јовиќ и Ѓорѓе Алемпијевиќ.

{gallery}Documenting Torture{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.