ЕДУКАЦИЈА И ИНФОРМАЦИЈА НА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ – „ПРЕВЕНЦИЈА ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ“

Во месеците март и април 2025 година, успешно се одржаа три тематски предавања на тема „Превенција за подобро здравје“ во општините Могила, Новаци и Битола. Ова беше втората серија на предавања низ општините во пелагонискиот регион како дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“. Овие предавања како и претходните во општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, се организираа со цел да се подигне свесноста на локалното население за важноста на здравствената превенција и промоција на здрави животни навики.

На предавањата присуствуваа граѓани од различен пол и возраст кои активно се вклучуваа со прашања и коментари. Предавањата беа насочени кон различни аспекти на здравјето, вклучувајќи превенција на хронични болести, значењето на здравата исхрана и физичката активност, како и важноста на менталното здравје. Содржините понудени на овие средби имаа за цел да го едуцираат локалното население за превентивните мерки кои можат да придонесат за подобрување на здравјето, промоција на здрави животни навики кои вклучуваат правилна исхрана, редовна физичка активност и управување со стрес. Објаснети беа основите на здрава исхрана, како и важноста на физичката активност за одржување на здравјето. Особено внимание беше посветено на менталното здравје и техниките за справување со стрес.

„Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp