ЕРАС – Европски сојуз за волонтерска поддршка

Главната цел на проектот ЕРАС е долгорочно партнерство на тринаесет градови од тринаесет различни земји со заедничка цел да се подобрат условите за развој на волонтерството во партнерските земји и низ Европа…

Главната цел на проектот ЕРАС е долгорочно партнерство на тринаесет градови од тринаесет различни земји со заедничка цел да се подобрат условите за развој на волонтерството во партнерските земји и низ Европа. За таа цел, партнерските организации ќе разменуваат информации, добри практики, знаења и ќе го промовираат волонтерството како такво. Заедно, ќе претставиме како волонтерските програми можат да значат како одлична влезна точка кон активно европско граѓанство за групи луѓе кои се помалку активни или дури и исклучени од општеството. И со тоа што ќе се покажи дека волонтерските програми носат одлични резултати и многу јасно ги изразуваат влијанијата врз активно граѓанство ги поттикнуваат европските луѓе да работат и да живеат според волонтерските вредности, партнерите ќе обезбедат продуктивна и богата со содржини средина која ќе го поттикне развојот на различни волонтерски програми.

Различни организации од Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Португалија, Малта, Албанија, Литванија, Латвија, Хрватска, Македонија, Унгарија, Грција и Бугарија ќе се осврнат на различни предизвици на волонтерството во Европа во проектот. Ние сите партнери цврсто веруваме дека волонтерството е клучен елемент на современото демократско општество и со негување и промовирање на волонтерството и ширење на солидарните вредности, Европејците можат да направат големи чекори кон поразвиено, инклузивно и динамично општество со квалитетни можности за сите.

Проектни партнери:

  1. DRUŠTVO ZA PODPORO CIVILNE DRUŽBE, SLOVENIA
  2. SERDA, BOSNIA AND HERZEGOVINA
  3. KLUB ZA OSNAZIVANJE MLADIH 018 UDRUZENJE, SERBIA
  4. MUNICIPIO DE LOUSADA, PORTUGAL
  5. ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА, МАКЕДОНИЈА
  6. GENISTA RESEARCH FOUNDATION, MALTA
  7. SOLIS TUVAK, LATVIA
  8. UDHËTIM I LIRË – LIBERI DI VIAGGIARE, ALBANIA
  9. UDRUGA ZA RAZVOJ CIVILNOG DRUSTVA BONSAI, CROATIA
  10. SDRUZHENIE YUNI PARTNERS, BULGARIA
  11. INSTITOYTO KOINONIKIS KAINOTOMIAS KAI SYNOXIS, GREECE
  12. DDTG NONPROFIT KFT., HUNGARY
  13. VSI VAIKU IR JAUNIMO CENTRAS “DZIAUGSMO SLENIS”, LITHUANIA

Проектот ќе вклучи девет меѓународни настани за размена на добри практики, воспоставување врски со релевантни организации, проучување на концептите и ефектите на волонтерството во различни земји, а исто така и за промовирање на развојот на волонтерството низ Европа. Проектот ќе се однесува на различни области на волонтирање. Од волонтирање меѓу младите луѓе, волонтирање и стареење на населението, волонтирање во кризни ситуации (COVID 19), прашањето за одржливо волонтерство до европските волонтерски политики и националните волонтерски програми и стимулации. Важна тема што редовно ќе ја истакнуваме ќе бидат можностите, практиките и целите на механизмот на Европската единица за солидарност.

Календар за меѓународните настани:

  1. Slovenia – June 2021
  2. Latvia – August 2021
  3. Serbia – September 2021
  4. Portugal – October 2021
  5. Malta – November 2021
  6. BiH – February 2022
  7. Albania – April 2022
  8. Croatia – June 2022
  9. North Macedonia – August 2022

Facebook page ERAS – European alliance for volunteer support

Проектот ЕРАС е ко-финансиран од страна на програмата Europe for Citizens на Европска Унија. 

Главен партнер: Društvo za podporo civilne družbe

Почеток на проектот: 01.03.2021 

Крај на проектот: 28.02.2023

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.