Доколку вие сте жртва на родово базирано насилство или лице кое штотуку ја завршило својата затворска казна и имате потреба од правно советување или психосоцијална помош обратете се на нашите телефон +38948400480, мобилен +38970353538 или е-маил адреса [email protected]
Почитувани,
Како дел од проектот „Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани групи фаза II“ поддржан од Германска Амбасада Скопје, со оглед на моменталната ситуација во државата со COVID-19, Центарот за правна и психосоцијална помош, односно нашиот правен советник и психолог ќе бидат достапни онлајн и преку телефон.
Моменталната ситуација која не приморува да останеме дома, за жал придонесува кон зголемување на семејното насилство, ги отежнува условите и ги намалува можностите за заштита на жртвата. Затоа нашиот проектен тим одлучи да биде достапен во секој момент преку телефон или онлајн комуникација за тие што имаат потреба.
Доколку вие сте жртва на родово базирано насилство или лице кое штотуку ја завршило својата затворска казна и имате потреба од правно советување или психосоцијална помош обратете се на нашите телефон +38948400480, мобилен +38970353538 или е-маил адреса [email protected].