Search
Close this search box.

Консултативни форуми со граѓани

Може да заклучиме дека оваа активност, ја оствари својата цел, ги стимулира младите во иднина да  преземат лидерските улоги во различни развојни иницијативи на нивните заедници. Присутните, пред се…

 

Центар за граѓанска иницијатива во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија, реализира 10 консултативни форуми во 10 општини во државата (Прилеп, Ресен, Крушево, Долнени, Битола, Куманово, Велес, Штип, Дебар и Гевгелија).

        На овие средби модератор беше г-дин Горан Михајловски од „Сакам да кажам“, а учесници беа млади (гласачи за прв пат), жени, малцинствата (етнички, верски), претставници на политички партии, локални самоуправи и медиуми. На средбите беа презентирани примери за подобрување на граѓанскиот активизам и меѓу секторска соработка (млади, локални самоуправи, медиуми, политички партии). Модераторот Горан Михајлоски на учесниците им презентираше убави локални примери на граѓанско учество од нашата држава, успешни примери од различни држави како Словенија, Хрватска, Канада и други кои се прифатливи и применливи кај нас. Новинарското забележување на Михајлоски, но и успешното презентирање развиваше успешни дискусии кои носеа примери на успешни локални граѓански акции презентирани од присутните, но и идеи за нови. За одбележување е добриот интерес на граѓаните и нивната вклученост со продуктивни дискусии, а на некои од средбите се направија и конкретни договори за состаноци и соработки меѓу формални и неформални групи, меѓу граѓански организации и институции.

Може да заклучиме дека оваа активност, ја оствари својата цел, ги стимулира младите во иднина да преземат лидерските улоги во различни развојни иницијативи на нивните заедници. Присутните, пред се малцинствата и специфичните групи (жени, гласачи по прв пат), покажаа подготвеност во иднина да бараат транспарентност, одговорност од една страна, а од друга страна го потврдија и искажаа својот интерес за вклученост во креирањето на локалните политики.

Форумите продуцираа и интерес во иднина да има средби и консултации од овој вид каде главен фокус ќе биде поврзувањето и соработката помеѓу засегнатите страни при креирањето на локалните планови, стратегии (политики).

 

{gallery}Consultative{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.