Со цел изработка на акционен план се организираше координативен состанок во Прилеп. На состанокот присутни беа претставници од…
Центар за граѓанска иницијатива реализира проект со име „Акции против родово базирано насилство во Ромски и други маргинализирани заедници“ финансиран од Германската амбасада во Скопје.
Со цел изработка на акционен план се организираше координативен состанок во Прилеп. На состанокот присутни беа претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп кои се дел од реализацијата на овој проект и претставници од локалната самоуправа Прилеп кои соработуваат со тимот на ЦГИ за успешна имплементација на проектот.
Присутните беа активно вклучени во разговорите и процесот на подготовка на акциониот план и донесување на мерки за поефективна заштита на жртви од семејно насилство.
{gallery}GER_GBV_PP-DL/Izrabotka_na_akcioni_planovi{/gallery}