Менторски организации во склоп на Здружените Сили

Во првата фаза на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европската Унија, беа дадени 12 грантови за менторство. Ментроските организации кои беа селектирани, заедно со партнерските организации даваа…

Во првата фаза на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европската Унија, беа дадени 12 грантови за менторство. Ментроските организации кои беа селектирани, заедно со партнерските организации даваа поддршка на процесот на имплементација на доделените грантови. Процесот на поддршка беше реализиран преку постојани состаноци и мониторинг на активностите, поддржувајќи ја подготовката на документи и контакт со општините.

Менторските организации организираа менторство на лице место врз организациите грантисти за зголемување на нивните капацитети во врска со тоа како да овозможат услуги на членовите, како да претставуваат членови, вклучувајќи организациони проблеми како управување со персоналот, финансии, стратешко планирање и тн. За време на процесот на имплементација, менторите ги поддржаа организациите грантисти во менаџирањето на финансиите следејќи ги регулациите на ЕУ за финансиски менаџмент. Менторите исто така ги пренесоа знаењата кои ги стекнаа за застапување, наоѓање на факти и разрешување на конфликти. Оваа поддршка влијаеше врз имплементацијата на активностите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.