Обуки за политичко учество и донесување на одлуки

Се реализираат обуки за дел од младите, припадниците на специфичните групи, претставници на различните етнички заедници во земјата со посебен акцент набалансирана родова застапеност кои се

         „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата“ е проект кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива, во соработка со ЦИВИЛ Медиа и е финансиран од ifa/Zivik програмата, поддржана од Министерството за надворешни работи на Германија.

        Се реализираат обуки за дел од младите, припадниците на специфичните групи, претставници на различните етнички заедници во земјата со посебен акцент на балансирана родова застапеност кои се однесуваат на јакнење на нивните капацитети, односно информирање за сите механизми кои постојат во државата, за тоа како да ја донесат вистинската одлука и како тие да се вклучат во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

        Во рамките на проектот се вклучени 10 општини од државата и тоа: Прилеп, Ресен, Крушево, Долнени, Битола, Куманово, Велес, Штип, Дебар и Гевгелија. Целта преку овие обуки е да се направат едни јадра на млади лидери во тие општини, кои би разговарале подоцна и со нивните врсници во однос на тоа како сите заедно можат да се вклучат во локалните процеси на донесување одлуки.

 

{gallery}Zivik/Trainings_for_political_participation_and_decision_making{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.