Search
Close this search box.

ОГЛАС за хонорарен ангажман на Службеник во биро

Во рамките на Проектот: Програма за социјални станови за Роми во Кичево, реализиран од Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп и Општина Кичево, во канцелариите на Совет на Општина Кичево ќе се отвори биро за поддршка на процесот на пополнување на апликации. Службеникот на бирото ќе им пружи поддршка на ромските семејства информирајќи ги за документите потребни за аплицирање, како и пополнувањето на формуларите и овозможувајќи им да го завршат административниот дел навремено и во утврдениот рок. Работниот ангажман на Службеникот ќе се одвива на хонорарна основа во периодот 01.02-30.04.2023 година.

Потребни квалификации:

Висока стручна спрема;

Работно искуство во областа ќе се смета за предност;

Познавање на принципи на административно и деловно работење;

Основни задачи и одговорности: 

Комуникација со потенцијални апликанти;

Основно познавање на национално законодавство;

Комуникација со државните органи, институции и организации;

Подготовка и проверка на документација и други потребни документи;

Преземање на сите дејствија во врска со аплицирањето;

Потребни способности и вештини:

Одговорна и лојална личност;

Одлични комуникациски вештини;

Мотивирана и стабилна личност;

Деловна комуникација (писмена и вербална);

Способност за решавање на проблемски ситуации;

Спосоност за управување со време и организациски вештини.

Заинтересираните кандидати својата лична биографија и мотивационо писмо да ги достават најкасно до 25 јануари 2023 година на следната е-маил адреса:

[email protected]

Со назнака: Апликација за Службеник во биро

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.