Search
Close this search box.

Овоштарите учат од европските земји

Со цел, размена на искуства и едукација за подобрување на квалитетот на овошјата, овоштарите од регионите Преспа и Корча беа дел од студиска посета во Словачка и Унгарија во…

 

Со цел, размена на искуства и едукација за подобрување на квалитетот на овошјата, овоштарите од регионите Преспа и Корча беа дел од студиска посета во Словачка и Унгарија во рамките на проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II“ финансиран од Европската Унија.

Овоштарите од Северна Македонија и Албанија посетија регионално друштво на овоштари кое спроведува едукација во Кошице, Словачка каде имаа можност преку практична и интерактивна презентација да се запознаат со нови модерни практики за култивација на дрвјата и обработка на земјата, како и размена на искуствата и локалните традиции на овоштарите.

Во Унгарскиот регион Саболч – Сатмар – Берег, овоштарите посетија регионална овоштарска задруга од повеќе од 150 членови насочена кон работа со јаболка. Лидерите од задругата ги пречекаа гостите овоштари и им презентираа практики за заштита на дрвјата и јаболката, за правилна употреба на органски ѓубрива, за чување и складирање на јаболката, за успешен пласман на локалниот и европскиот пазар и за тоа како се организира една задруга за успешно да функционира.

Оваа студиска посета беше многу продуктивна и едукативна за овоштарите од Република Северна Македонија и Република Албанија.

 

 

{gallery}CBC_MK-AL_2017/Study-visit{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.