Посета на ЦГИ од Германската амбасада во Скопје

Претставник од Германската амбасада во Скопје, Frau Katrin Frühinsfeld го посети Центарот за граѓанска иницијатива. Frau Katrin Frühinsfeld имаше можност да

Центар за граѓанска иницијатива работи на проектот „Акции против родово базирано насилство во ромски и други маргинализирани заедници“ финансиран од Германската амбасада во Скопје.

Претставник од Германската амбасада во Скопје, Frau Katrin Frühinsfeld го посети Центарот за граѓанска иницијатива. Frau Katrin Frühinsfeld имаше можност да го разгледа акциониот план, функционирањето на тимот, а истовремено се разговараше и за соработката со институциите кои помагаат во пронајдување, помош и заштита на жртвите од родово базирано и семејно насилство. Психологот и правникот од проектот ги презентираја досега документираните случаи на родово базирано и семејно насилство. Со презентирањето на случаите се отвори и дискусија за најчестите препреки и проблеми со кои се соочуваат жртвите на родово базирано и семејно насилство и како може да се дојде до решавање на истите.

Со овие дискусии и посета се покажа сериозноста на тимот и придонесоа за продлабочување и проширување на соработката.

 

 

 

 {gallery}GER_GBV_PP-DL/Poseta_na_germanska_ambasada{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.