Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица

Со реализирањето на овој проек се очекува успешно вклучување на осудените лица кои ја отслужиле својата казна, во општеството, а со тоа да се намали или спречи рецидивизмот на осудени лица во казнено – поправните установи.

Имплементација на проектотПост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица

Временска рамка: 01.07.2022 до 30.06.2025

Финансирано од Европска Унија

Локација на проектотОпштина Прилеп

Цели на проектот

Општа цел:

Институциите придонесуваат за намалување и спречување на рецидивизмот преку рехабилитација, реинтеграција и социјално вклучување на осудените лица и лицата кои одслужиле казна затвор.

Специфични цели:

– Подобрени пост – казнени практики за рехабилитација, реинтеграција и ресоцијализација на осудените лица.

Стимулирани граѓани да ја прекинат традицијата на жигосување на поранешните осуденици.

Планирани активности:

– Формирање меѓуинституционална мрежа за поддршка на осудени лица и поранешни осудени лица и нивните семејства.

Зајакнување на соработката со Министерство за правда – Дирекција за извршување на санкции.

Изработка на програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица.

Пилотирање на програмата за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица.

Проширување на можностите за работен ангажман во КПД Прилеп.

Опремување на браварска работилница и ИТ учење во КПД Прилеп.

Развој на долгорочен план за проширување на можностите за производство.

Поттикнување на компании да прифаќаат претходно осудени лица кои веќе ја отслужике својата казна, како работна сила.

Кампања за подигнување на свеста дека е важно влучување на осудените лица кои веќе ја отслужиле својата казна, во општеството.

Со реализирањето на овој проек се очекува успешно вклучување на осудените лица кои ја отслужиле својата казна, во општеството, а со тоа да се намали или спречи рецидивизмот на осудени лица во казнено – поправните установи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.