Пренесување на искуства

Дел од тимот на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен беше во посета на колегите од комуналното претпријатие во Општина Девол во Република Албанија. Оваа средба беше во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

На оваа средба претставникот на ЈКП „Пролетер“ – Ресен, Ѓорѓи Волкановски пред колегите од Девол го презентираше начинот на работа пречистителната станица Езерани; искуство од технолошкиот процес, од влезот до излезот на пречистената вода. Неговите колеги пренесуваа искуства од секојдневната работата и работа со слични вакви процеси и одговараа на прашања од колегите од Девол.

Ова беше убава размена на искуства и продолжување на соработката која почна со овој проект. На оваа средба се разговараше и за добивањето на податоците од инсталираните сензори кои го мерат квалитетот на пречистената вода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.